Македонскиот одбојкарски шампион го претрпе и вториот пораз на квалификацискиот турнир во Бургас од Лигата на шампионите. Младиот состав на Струмица без странските засилувања кои не добија сертификати за настап, немаа сили ниту против далеку поискусниот состав на црногорскиот шампион Будва.
Црногорците славеа во три сета 3:0 (25-15, 25-16, 25-16) и прилично лесно успеаја брзо да го завршат мечот во своја полза. И денеска во редовите на Струмица искусниот репрезентативец Владо Милев беше најефикасен со 12 поени, додека Глобоцки реализираше 7. Утре во последното коло Струмица ќе се сретне со унгарски Фино Капошвар.