Пелистер лесно го „реши“ Охрид, драмата во Гостивар за Феникс

175

Екипата на Пелистер дојде до третата победа оваа сезона во Првата лига, откако на домашен терен славеше против Охрид со убедливи 97-57. За гостинскиот состав ова беше четвртти пораз, со кој се наоѓа на долниот дел од табелата.

На овој меч, неизвесност имаше само во првата четвртина која домаќинот ја доби со 22-19, а веќе во втората четвртина ја покажа својата класа, беше подобар со 35-14, па на полувремето имаше предност од 57-33.

Ова сценарио беше повеќе од доволно, домаќинот со нова добра игра во третата четвртина (25-12) ја потврди победата.

Планиниќ беше стрелец на 22 поени и 7 скока, додека Мијовиќ запиша 19 поени, Стојановски имаше 18 поени. Кај поразениот состав Бернард запиша 16 поени.

Драмата во салата „Младост“ ја доби Феникс, кој дојде до третата победа (63-66) и го фрли во очај Гостивар. Иако домаќинот пред своите навивачи е најсилен, сепак овој пат тоа не беше доволно. На овој натпревар поради повреда не играа Лефкоски и Коскоски.

Разликата на теренот не беше преголема, но гостите во одредени периоди подобро се снајдоа од својот противник, знаеја како да го задржат водството кое им донесе цел плен.

Феникс поведе со 1-6, имаше и 12-17 пред крајот на првата четвртина која ја заврши со минимални 18-19. Во вториот период беше вистинска резултатска нишалка, исто како и третата четвртина во која гостите на кратко имаа плус четири 43-47, но ништо повеќе.

Во одлучувачките 10 минути, Феникс со серија од 7-0 поведе со 58-65 и до крај не дозволи ништо да се промени.

Кларк и Рис беа лидери кај победникот со по 16 поени, зад нив беше Трајковски со 13 поени. Кај Гостивар, Митревски беше реализатор на 18 поени и 7 скока.

Претходно“Страчките“ двапати водеа, Вулфси двапати израмнуваа! (ВИДЕО)
СледноЛајпциг му ја наполни мрежата на Келн, Баумгартнер “полуде“ од радост! (ВИДЕО)