Тонали официјално дозна кога повторно може да игра

634

Официјалните документи околу суспензијата на Сандро Тонали пристигнаа во тимот на Њукасл, и Премиерлигашот сега има јасна слика околу неговиот статус. Како што е познато, интернационалецот од Италија призна вина во обложувачкиот скандал, и е суспендиран.

Ова го потврдија и од ФИФА, а во дописот до Њукасл стои и точниот датум на старт односно крајот на суспензијата.

 Суспензијата на Тонали важи од вчера, 27 октомври, а играчот од средниот ред повторно ќе може да игра фудбал на 27 август 2024 година.

Целата санкција е 18 месеци, но осум од нив ќе бидат издржани алтернативно со учество во терапевтски план и едукативна програма составена од 16 средби со млади фудбалери.

 

ПретходноСинот на Налдо загина во сообраќајна несреќа
СледноРаботнички со привремено решение за Мираковски