Кадиз на свој терен, во вечерашниот термин во Ла Лига, иако водеше со 2:0 сепак на крајот не успеа да ја победи Севиља, во меч кој заврши 2:2. Домашните уште во 8.минута поведоа со голот на Рамос, за да во 28.минута преку Махис имаа и убедливи 2:0.
Но, во продолжение од средбата гостите од Андалузија со головите на Окампос во 37. и Ракитиќ во 60.минута успеа да израмни и да дојде до бод.
По овој меч и двете екипи имаат по 10 бодови и се наоѓаат во долниот дел на табелата во Ла Лига.