Лудница во Торино: На Јувентус му поништија два гола, а потоа со гол во 90+7.минута успеа да победи! (ВИДЕО)

592

Ете, и тоа се случи. Вечерва во меч од 10.коло во Серија А, меѓу Јувентус и Верона, кој заврши 1:0, на најтрофејниот клуб во Италија ВАР му поништи два гола, и двата беа дело на Кеан. Прво во 13.минута поради офсајд, а потоа во 53.минута поради наводно претходно имало прекршок.

Секако дека ова е шок за фановите на Јуве, но пред се за самите фудбалери на клубот од Торино.

Познато е дека во минатото, кога немаше ВАР обично ваквите ситуации се судеа во корист на Јуве, барем така мислат фановите на останатите клубови во Италија, но еве, времињата се променија.

Што се однесува до самиот меч вистинско лудило во Торино, и јасно е дека тимот на Алегри може сепак задоволен зошто со голот на Камбијасо во 90+7.минута успеа да победи со 1:0. Со оваа победа Јуве сега е лидер на табелата.

ПретходноУрнебесно: Реакцијата на Крос по голчиштето на Белингем! (ВИДЕО)
СледноКадиз и Севиља одиграа без победник!