Полувреме: Мрежите мируваат во Кратово, Ѓорѓиевски ја погоди пречката на гостите, Андерсон промаши зицер!

150

Заврши првиот дел од првиот меч од 12.коло во ПМФЛ меѓу Силекс и Брегалница. Резултатот по првите 45.минути е 0:0, но гледавме добар фудбал. Со течни акции,добро темпо, но и со по неколку шанси на двете страни.

Силекс се закани прв со шутот на Шуберт во 2.минута, додека Ѓорѓиевски во 17.минута со убав шут со глава ја погоди пречката на Брегалница. Во 41. И 42.минута две големи шанси за гостите. Прво Роналдо одлично шутираше, но домашниот голман Андов фантастично одбрани, а во вториот обиде Андерсон од само 3-4 метри не ја погоди празната мрежа, тоа беше чист зицер, но напаѓачот на Брегалница не се снајде најдобро, и таа топка од пречката заврши над голот на Силекс.

ПретходноХоџсон стигна до 500 натпревари како тренер во Англија
СледноФеноменален гол на мечот Тетекс-Скопје – креаторот е Рихан Зекири! (видео)