Работнички во овој момент го игра мечот против Вардар во рамките на петото коло во Првата лига. По двата порази во низа, последниот од вечниот ривал, во таборот на „црвено-црните“ дојде до промени на клупата.
Димитар Мираковски и раководството на клубот се разделија, а новото име ќе биде допрва познато. Во игра се повеќе македонски тренери, но останува да видиме на кого ќе падне одлуката.
Додека биде промовиран наследникот на Мираковски, главната улога на клупата на Работнички му припадна на младиот стратег Андреј Апостолски Лечиќ.