Торино триумфално кај Лече

48

Со голот на Буонџорно, тимот на Торино вечерва успеа да слави на тешкото гостување кај Лече со минимални 0:1 и на тој начин да освои есктра три гостински бодови.

Иако домаќинот по негативата имаше свои  моменти сепак, не успеа да ги искористи, па остана со празни раце.

Торино со овој триумф е тринаесетти со 12 бодови, додека Лече има солидна бодовна залиха сезонава па во моментов е десетти со бод повеќе.

 

ПретходноРаботнички се истури врз Вардар, МЗТ Скопје лесно со Еуро Никел (ФОТО)
СледноГалевски царуваше против Охрид, Алкалоид остана единствениот тим без пораз (ФОТО)