Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа во составот на Динамо Загреб кој денеска во рамките на 12 коло со два гола во судиското продолжение ја совлада Локомотива со 2:1. „Железничарите“ водеа со 1:0 со гол на Туци во 4 минута, а Динамо ги освои бодовите со голови на Батурина во 95 и Канеко во 97 минута.
Ристовски го одигра цел меч, а Адеми 86 минути. По првиот гол на мечот Ристовски урлаше по соиграчите поради лошата реакција при примениот гол, но и поради слабите настапи сезонава на тимот.
Следниот меч на Динамо е против Ориолик во Купот, а потоа му гостува на Вараждин во Првата ХНЛ.
Дома Меѓународен фудбал Динамо со магичен пресврт ја победи Локомотива, Ристовски „урлаше“ по соиграчите