Дортмунд освои бод во Франкфурт иако два пати губеше

59

Екипата на Борусија Дортмунд се спаси од пораз во 9.коло на Бундес лигата. „Милионерите“ одиграа 3:3 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со тоа што два пати се враќаа од негатив.
Тимот од Франкфурт по првите 24 минути водеше со 2:0 со головите на Мармуш. Пред крајот на полувремето намали Сабицер, а потоа изедначи Мукоко.
Ајтрахт повторно поведе (3:2) со гол на Чаиби, а бодот за Борусија го обезбеди Јулијан Брант.
Борусија е на четвртото место со 21 бод исто колку што има и третиот Штутгарт. Ајнтрахт е на седмото место со 14 бода исто колку и Фрајбург зад нив со тоа што оваа екипа вечерва игра со Баер Леверкузен.

ПретходноЌатип Османи e нов тренер на Влазнија
СледноСтрумица загуби, но достоинствено ги заврши квалификациите во ЛШ