Денеска од 13 часот, во меч од 12.коло во ПМФЛ, тимот на Струга ТЛ, има незгодно гостување и тоа кај силниот тим на Гостивар. Сепак се знае кој е шампион, се знаат амбициите на стружани и во оваа сезона, па така Струга ТЛ денеска ќе атакува на победа.
За тоа што мисли за претстојниот меч свој коментар има Меџит Незири, еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ:
„Како и за сите останати, така и за овој ние сме подготвени да го дадеме максимумот. Јасно е дека не очекува тежок меч, секоја чест за Гостивар, но ние сме шампиони, нема сомневање дека Струга ТЛ ги посакува трите бода и од овој натпревар. Морам да кажам дека и по елиминација во Купот, атмосферата е добра, имаме одличен тим и наше е сега да размислување за тоа што претстоим, да не се навраќаме на тоа што било“ посочи дефанзивецот на Струга ТЛ.