Попладнево се одиграа пет средби од 12.коло во ПМФЛ. Азер Омерагиќ е херојот на Вардар. Младиот напаѓач постигна гол уште во 7.минута за голема победа на Вардар, за тимот на Александар Васоски попладнево на Маџари.
Големи три бода за Вардар а за тоа е најзаслужен токму Омерагиќ.
Воска ја шокира Шкендија со 1:1 и освои голем бод под Шара. Од друга страна тетовци загубија два златни бода во битката за титулата. Бајрами донесе водство на тимот од Охрид, додека Шаља успеа само да израмни.
Шкупи тоа го искористи и со убедливата победа над Работнички со 3:0 сега е лидер на табелата, нема што чаирчани го уништија тимот од Дебар Маало. Куевен блескаше со два гола, третиот беше дело на Кука.
Македонија ЃП со голот на Попзлатанов водеше против Тиквеш доп таа таа 90+6, минута, но Ивановски со гол од пенал му донесе бод на тимот од Кавадарци.
РЕЗУЛТАТИ – 12.КОЛО
ГОСТИВАР – СТРУГА ТЛ 2:1
(Кехинде 36., Потук 44./Компаоре 59.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1:1
(Попзлатанов 33./Ивановски (п) 90+6.)
ШКЕНДИЈА – ВОСКА 1:1
(Шаља 73./Бајрами 47.)
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 3:0
(Куевен 39., 74., Кука 52./)
ВАРДАР – БРЕРА 1:0
(Омерагиќ 7./)
ВЧЕРА:
СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0:0