Победата на Јувентус против Верона во средбата на двата тима од 10. коло во италијанската Серија „А“ ги надмина границите на секоја можна драма. Победничкиот гол дојде во 6. минута од судиското надополнување, а тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри беше веднаш исклучен.
„Ова беше смртоносен натпревар. Ни требаа 97 минути да го добиеме натпреварот. Тимот ја заслужи оваа победа и одигра организирано, тоа беше најважно. Момците јасно ги следеа инструкциите дури и во толку напредната фаза од натпреварот и тоа беше пресудно за нашиот севкупен добар настап. Киеза одигра одлично и не заслужи да биде повлечен, но кога му беа поништени два гола и тој доби жолт картон, помислив дека тоа едноставно не е негова ноќ и го заменив. „Фудбалот е машки спорт, треба да има битки на теренот, затоа ние сме горди на овие квалитети и не се срамиме од нив“, изјави Алегри за Sky Sport Italia.