Баер Леверкузен продолжува со одличните настапи сезонава во Бундес лигата. Во меч од 9.коло Баер славеше со 2:1 над Фрајбург (гол на Вирц и автогол на Атуболу) и е лидер на табелата со 25 бода, два повеќе од вториот Баерн.
Леверкузен има скор од осум победи и едно реми, а освен тоа има гол разлика 27:8. Со тоа го собори клупскиот рекорд од 1996/97 кога по првите 9. кола имаше 24 голови.
Четата на Чаби Алонсо игра сигурно, ефикасно и убаво. Единственото реми го забележа против Баерн во Минхен (2:2) на 15 септември.