Фудбалерите на Атлетик Билбао се спасија од пораз во последната минута од судиското продолжение на денешниот дуел со Валенсија пред своите навивачи. Баскијците ремизираа 2:2 на домашен терен во мечот од 11. коло од шпанската Примера.
Гостите од Валенсија можеа да ги освојат трите бода да не беше драматичната завршница на мечот во кој Алекс Беренгер длабоко во судиското надополнување ги спаси „лавовите“ од пораз.
Домаќинот прв стигна до гол во 32. минута кога Оскар де Маркос го совлада Мамардашвили. Во вториот дел видовме голем пресврт, најпрвин Фран Перез погоди во 62. минута по асистенција на Дуро, а истата комбинација проработи и шест минути подоцна кога погоди Уго Дуро за 1:2.
GoaL! | Athletic Club 2-2 Valencia | ⚽️ Álex Berenguerpic.twitter.com/b21Amc7ZN0
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 29, 2023