Добри вести од Холандија: Дост е добар, се освестил уште на теренот

684

34-годишниот напаѓач на холандски НЕЦ Нијмеген, Бас Дост се чувствува добро. Ова е охрабрувачката вест која вечерва дојде од Холандија, по мачните сцени на дуелот меѓу АЗ Алкмар и НЕЦ на кој искускиот голгетер падна на теренот и колабираше. Лекарите брзо му врачија прва помош, што беше клучна за здравјето на фудбалерот, потенцираа од неговиот клуб.

Бас вечерва се јави и на социјалните мрежи заблагодарувајќи им се на лекарите и навивачите.

„Добро сум. Помошта што ја добив на теренот беше фантастична. Сега сум во болница и се чувствувам добро. Ви благодариме за целата поддршка“, напиша Дост на социјалните мрежи.

Портпаролот на НЕЦ изјави дека напаѓачот останува во болница на тестови, чии резултати најверојатно нема да бидат познати до утре.

ПретходноЛирија и Шкендија први со две победи, женското дерби утре во Скопје
СледноТен Хаг по поразот во градското дерби: Против Сити секогаш играме добро и денеска беше така