Војната на Блискиот исток меѓу Хамас и Израел полека но сигурно влегува и во спортот, кај спортистите и фановите. Секој си зазема страна, но лошо е тоа што некои, дали се Палестинци или Израелци, сакаат да ги вовлечат и најголемите спортисти во таа војна.
Па така некогашниот тенисер Енди Рам, троен осојувач на гренслем титули но во двојки, инаку Израелец деновиве имаше порака од Новак Ѓоковиќ, веројатно најголемиот спортист во светот во моментов, но и до Рафа Надал, Роџер Федерер и др:
“Сигурен сум дека и тенисерите слушнале што се случува. Тие знаат што се случува, нешто што не смее да се случува. По малку е разочарувачки тоа што Новак како родител мора да биде поосетлив кога децата се во прашање. Во појасот Газа убиваат и палат живи деца. Убаво ќе биде да се добие поддршка од тенискиот свет“ изјави покрај другото Рам.
Former Israeli Tennis Pro Andy Ram has a lot to say to the silence of the stars of the game following the Hamas massacre on October 7th including that of @DjokerNole who has close ties with Israel for years pic.twitter.com/gpMRp7qzlB
— Guy Azriel (@GuyAz) October 25, 2023