Историска партија на ѕвзедата на Булси, постигна 51 поен и загуби (ВИДЕО)

211

Зек Лавин постигна 51 поен против Детроит, но за жал тоа не беше доволно за победа, неговиот тим беше поразен со 118:102. Лавин, кој постигна половина од поените на својот тим, немаше асистенции. Така за прв пат по 2018 година, исто како Клеј Томпсон оствари учинок од 50+ поени и без асистенции.

Булси имаат една победа и два порази од почетокот на сезоната. Центарот на Детроит, Дурен против Чикаго постигна 23 поени, 15 скока и пет асистенции. Со овој учинок стана вториот играч до 20 години во историјата на лигата кој дошол до вакво остварување. Пред него тоа го направи Леброн Џејмс.

Филаделфија дојде до првата победа оваа сезона откако го совлада Торонто со 114-107. Репторси добро го отворија мечот, имаа водство во првата четвртина, ја одржуваа истата во следнииот период по што Филаделфија по пресврт дојде до целиот плен.

Ембид и Макси беа убиствени во нападот, постигнаа по 34 поени. На другата страна Барнс имаше 24 поени.

Детроит – Чикаго 118:102
Њу Орлеанс – Њујорк 96:87
Вашингтон – Мемфис 113:106
Кливленд – Индијана 113:125
Торонто – Филаделфија 107:114
Минесота – Мајами 106:90
Феникс – Јута 126:104

ПретходноФјури: Не се потресов, веднаш станав! Најважно е дека победив!
СледноМеџит Незири: Ние сме шампиони, секоја чест за Гостивар, но Струга ТЛ ги посакува трите бода!