Киднапирани родителите на ѕвездата на Ливерпул, неговата мајка е пронајдена

311

Родителите на напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијаз (26) се киднапирани во Колумбија. Скај њуз пишува дека непознати вооружени лица на мотоцикли ги запреле мајката и таткото на Дијаз на бензинска пумпа кога си оделе дома.

Во меѓувреме, мајката на Дијаз, Силенис Маруланда, била спасена од полицијата, потврди колумбискиот претседател Густаво Петро, ​​додека потрагата по таткото се уште трае.

Диаз во Колумбија играше за Баранкиља и за Атлетико јуниор, а за репрезентацијата на Колумбија има одиграно 43 натпревари и постигнато девет гола.

Семејството на Дијаз претходно добило информации дека родителите можат да бидат киднапирани и им било препорачано да го избегнуваат својот дом на село, но тие не послушале и заминале.

ПретходноМеџит Незири: Ние сме шампиони, секоја чест за Гостивар, но Струга ТЛ ги посакува трите бода!
СледноПМФЛ: Васоски против “својата“ Брера, Шкендија ја дочекува Воска, “лавовите“ против Тиквеш…