“Комити“ со нов спектакл: “КОПОТ МАКЕДОНСКИ“, Брера и по осми пат без победа….еве како изгледа табелата по 12.коло! (ФОТО)

1361

Вардар победи, Вардар освои екстра значајни три бода во битката за опстанокот. Вардар ја победи Брера со 1:0 со голот на Азер Омерагиќ кој е новиот херој на вардарци. Ова беше победа на Александар Васоски против својот некогашен клуб.

Ова беше и осми меч во серија како Брера Струмица не успева да победи, дали е време некои нешта да се менуваат во тимот од Струмица, вака повеќе не оди?

Инаку на денешниот меч на Маџари, “Комити“ со нова спектакуларна кореографија, насловена како – КОПОТ МАКЕДОНСКИ.

Што се однесува до табелата, еве како таа изгледа по 12.коло:

ТАБЕЛА

Шкупи 25, Шкендија 25, Струга ТЛ (-1) 21, Силекс 20, Брера 15, Тиквеш 15, Брегалница 14, Гостивар 14, Работнички 13, Македонија ЃП 12, Воска 12, Вардар (-1) 11.

Шкупи е нов лидер, има подобра гол разлика од Шкендија. Вардар е последен ама ако победи со Струга ТЛ во среда, во оној заостанат меч, ќе се најде пред Воска, Македонија ЃП и Работнички каде што ќе биде заедно со Гостивар и Брегалница.

Неверојатно и секако, супер интересно.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

 

ПретходноСензационално: Гостивар прво го отпушти новиот тренер Озбајер, а потоа го победи шампионот!
СледноЕпски пресврт на Каљари: До 72.минута губеше со 0:3, за да на крајот победи со 4:3!