Ливерпул победи – Жота го посвети голот на Луис Диаз

174

Ливерпул го совлада Нотингем Форест со 3:0 во меч од Премиер лигата. Погодоците ги постигнаа Диого Жота и Дарвин Нуњез во првото полувреме, а во второто погоди Салах. Две асистенции запиша Собослаи.
Жота голот го посвети на Луис Диаз. Го крена дресот со број 7 и му даде поддршка на својот соиграч кој не беше во протоколот за овој натпревар. Диаз е во Колумбија откако неговите родители беа киднапирани.
Ливерпул ја забележа седмата победа и има 23 бода на табелата. Нотингем Форест е на 16-тото место.

ПретходноАјакс стана за потсмев – демолиран со 5:2 во дербито
СледноЌатип Османи e нов тренер на Влазнија