Лирија и Шкендија први со две победи, женското дерби утре во Скопје

114

Одбојкарите на Лирија и Шкендија го предводат врвот на табелата во домашното одбојкарско првенство по некомплетното второ коло. Тетовските состави остварија и втора максимална победа на стартот од сезоната која ги носи со по шест бода и без загубен сет на водечките две места на табелата.

Лирија во викенд колото беше подобра од Борец на гости, додека Шкендија дома леснос е справи со Вардар. Струмица викендов не го одигра мечот со Весна Пробиштип поради настапите во Лигата на шампионите, а за одбележување е и победата на Работнички 71&22 во дербито на колото против екипата на Штип, што беше прва победа за скопјани сезонава.

Кај жените, со по две победи на стартот се струмичките остави Наковски Волеј и Струмица. Фит Фан Волеј имаше прва радост откако славеше во четири сета над Вардар 2019, додека големото дерби кај дамите е на програмата утре во 20 часот, каде Јанта Волеј го пречекува шампионот Работнички.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

2 КОЛО

Шкендија – Вардар  3:0 (25:16, 25:10, 25:5)

Јанта Волеј – Универзитет во Тетово  0:3 (15:25, 17:25, 15:25)

Борец – Лирија  0:3 (17:25, 19:25, 14:25)

Македонија Џио – Сушево  0:3 (14:25, 8:25, 18:25)

Работнички 71&22 – Штип УДГ  3:1 (25:23, 25:20, 20:25, 25:18)

ТАБЕЛА: 1. Лирија 6; 2. Шкендија 6; 3. Работнички 71&22 4; 4. Струмица 3; 5. Штип УДГ 3; 6. Јанта Волеј 3; 7. Универзитет во Тетово 3; 8. Весна Пробиштип 2;  9. Сушево 0; 10. Борец 0; 11. Вардар 0; 12. Македонија Џио 0.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ

2 КОЛО

Фит Фан Волеј – Вардар 2019   3:1 (23:25, 25:12, 25:16, 25:17)

Вардар ЕМ – Струмица   0:3 (7:25, 15:25, 5:25)

Наковски Волеј – Младост УДГ 3:1 (25:12, 24:26, 25:23, 25:19)

Утре: 20:00 Јанта Волеј – Работнички

ТАБЕЛА: 1. Наковски В. 6; 2. Струмица 6; 3. Јанта Волеј 3; 4. Работнички 3; 5. Фит Фан Волеј 3; 6. Младост УДГ 0; 7. Вардар 2019 0, 8. Вардар ЕМ 0.

ПретходноБеренгер во последната минута го спаси Атлетик од пораз (ВИДЕО)
СледноДобри вести од Холандија: Дост е добар, се освестил уште на теренот