Медведев против Синер за трофејот во Виена и необичен рекорд

226

Во финалето на АТП турнирот од АТП серијата 500 во Виена денеска од 14 часот ќе се сретнат Русинот Данил Медведев и Италијанецот Јаник Синер, трето и четврто рангирани тенисери во светот.

Русинот денеска има можност покрај 21. пехар во кариерата да постигне и многу необичен рекорд.

Имено, Медведев досега во кариерата има освоено 20 различни турнири, а со оглед на тоа што на таа листа се најде и Виена, јасно е дека овој турнир би можел да му биде прв на двапати.

Медведев и Синер денеска ќе го одиграат осмиот дуел, а Русинот води со 6:1 во победи.

Сепак, нивниот последен меч го доби Италијанецот, пред 25 дена во финалето на АТП турнирот од серијата 500 во Пекинг, тогаш беше 7:6, 7:6.

ПретходноПолицијата ги убила киднаперите, двајцата родители на Диаз се спасени!
СледноМото ГП: Трилерот во Тајланд за Хорхе Мартин, историја за Дукати! (ФОТО)