Мото ГП: Трилерот во Тајланд за Хорхе Мартин, историја за Дукати! (ФОТО)

228

Неверојатна трка во “кралската класа“ за ГН на Тајланд и победа на Хорхе Мартин од Прамак Дукати. Ова за него беше двоен триумф ако се знае дека победи и на спринтот. Тој испиша историја за својот тим со оглед на тоа дека Прамак Дукати има победи на сите патеки во календарот, и ова за него беше четврти триумф сезонава.

Мартин за десетинка беше пред Бред Биндер, но потоа возачот од Ј. Африка беше поместен на 3.место зошто малку излезе од петаката. Па така вто беше шампионот Франческо Бањаја. Сега Пеко има 13 бода предност во однос на Мартин во битката за титулата на три трки до крајот на сезоната, очигледно е дека се очекува спектакуларна завршница на оваа сезона.

ФОТО: Tvitter
Image

ПретходноМедведев против Синер за трофејот во Виена и необичен рекорд
СледноАлегри: Ја заслуживме победата!