Наполи преживеа на својот стадион во големото дерби против Милан вечерва, откако губеше со 0:2 на полувреме, но потоа во првите минути од вториот дел успеа да се врати во живот.
Милан одигра одлично прво полувреме, притискаше постојано пред голот на домашните, а вечерва одлично расположениот Жиру двапати ја погодуваше мрежата на Мерет. Прв пат со глава во 22. минута, па потоа уште еднаш во 31. минута обезбедувајќи му на Милан голема предност на полувремето.
GoaL! | Napoli 0-2 Milan | ⚽️ Olivier Giroud 🅰️ Davide Calabriapic.twitter.com/Ie5KNzrp4U
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 29, 2023
Наполи на полувреме направи три замени, а во една од нив се најде и Елмас. Нашиот репрезентативец беше стартер денеска, но Гарсија реши да го замени на полувремето и на негово место да го внесе Симеоне.
Наполи успеа преку Политано уште во 50. минута да намали на 1:2, за во 63. минута Распадори со еден фатнтастичен погодок од слободен удар да израмни на 2:2.
GoaL! | Napoli 2-2 Milan | ⚽️ Giacomo Raspadoripic.twitter.com/4LCjDLvDpe
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 29, 2023