Поради повреда Георгиевски не настапи во финалето и се закити со сребро во Букурешт

106

Нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски поради повреда го откажа финалето на Г1 турнирот во Букурешт и со тоа се закити само со сребрен медал. Се работи за повреда на дланката поради која Георгиевски не можеше да настапи во финалето.
На патот ги совлада Полет Мануел од Белгија, Андриј Харбар од Украина и еден од најдобрите таеквондисти на светот Емре Кталмиш од Турција, сите со по 2:0 во рунди.
Почитувани,
Овој спортски или олимписки подвиг кој го покажува Дејан Георгиевски ни од блиску не е забележан од како Македонија е самостојна држава, за само два месеци тој од четири настапи на официјални олимписки турнири Г1, освои 4 медали. 2 златни, 2 сребрени“, соопштија од тимот на Георгиевски.

ПретходноСити му одржа час по фудбал на Јунајтед (видео)
СледноTешки моменти во Алкмар – Бас Дост колабрираше, мечот прекинат (видео)