Чаир 2030 лесно на гостувањето кај ФМП Академија

89

Чаир 2030 им се приклучи на МЗТ Скопје и ТФТ Моцарт на делба на првото место на табелата во Првата лига, откако вечерва стигна до убедлива победа на гостински терен, против Навико Академија ФМП со 74:107.

Комплетна доминација остварија гостинските кошаркари уште во првото полувреме. Првиот период од играта Чаир 2030 го реши со  повеќе од убедливи 32:20. До полувреме гостите веќе имаа предност од над 20 пеони, 30:53.

Ништо не се промени ниту во вториот дел, кога гостинскиот тим лесно го приведе мечот до победа.

Крстајиќ со 22 поени беше најефикасен кај победниците, додека кај домашните Петровски запиша 21 поен.

ПретходноТурам за радост на Интер во дербито против Рома (ВИДЕО)
СледноНавивачи на Марсеј го нападнаа автобусот на Лион, сериозно повреден тренерот на гостите (ФОТО+ВИДЕО)