Ќатип Османи e нов тренер на Влазнија

463

Еден од најтрофејните наши тренери Ќатип Османи е назначен за нов тренер на албанскиот прволигаш Влазнија од Скадар. Влазнија е на седмото место во Суперлигата со 12 бода по 10 кола веднаш над опасната зона.
Османи доаѓа да го крене тимот на кој не му оди добро сезонава. Македонскиот стратег беше тренер на Шкендија, Ренова и Шкупи. Со Шкендија три пати беше шампион на Македонија.

ПретходноЛиверпул победи – Жота го посвети голот на Луис Диаз
СледноДортмунд освои бод во Франкфурт иако два пати губеше