Канаѓанецот се врати: Ожер-Алиасим го освои Базел

77

Канадскиот тенисер Феликс Ожер-Алиасим е победник на АТП турнирот во Базел, откако во денешното финале со 7:6, 7:6 го совлада Хуберт Хуркач од Полска.

Во текот на целиот меч, кој траеше нешто помалку од два часа, и двајцата тенисери беа сигурни на својот сервис, па двата сета беа решени по тај-брејк.

Канаѓанецот го доби првиот тај-брејк со 7:3, а вториот со 7:5 и со тоа стигна до својата петта титула во кариерата, прва сезонава со која пред една година го одбрани трофејот освоен на истото место.

Хуркач, кој имаше проблеми со повреда на овој меч, не успеа да го освои осмиот трофеј во кариерата.

ПретходноТен Хаг по поразот во градското дерби: Против Сити секогаш играме добро и денеска беше така
СледноНаполи се врати од 0:2 за реми, Елмас заменет на полувреме (ВИДЕО)