Родителите на напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијаз (26) се киднапирани во Колумбија. Скај њуз пишува дека непознати вооружени лица на мотоцикли ги запреле мајката и таткото на Дијаз на бензинска пумпа кога си оделе дома.
Во меѓувреме, мајката на Дијаз, Силенис Маруланда, била спасена од полицијата, потврди колумбискиот претседател Густаво Петро, додека потрагата по таткото се уште трае.
Диаз во Колумбија играше за Баранкиља и за Атлетико јуниор, а за репрезентацијата на Колумбија има одиграно 43 натпревари и постигнато девет гола.