Меџит Незири: Ние сме шампиони, секоја чест за Гостивар, но Струга ТЛ ги посакува трите бода!

135

Денеска од 13 часот, во меч од 12.коло во ПМФЛ, тимот на Струга ТЛ, има незгодно гостување и тоа кај силниот тим на Гостивар. Сепак се знае кој е шампион, се знаат амбициите на стружани и во оваа сезона, па така Струга ТЛ денеска ќе атакува на победа.

За тоа што мисли за претстојниот меч свој коментар има Меџит Незири, еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ:

Како и за сите останати, така и за овој ние сме подготвени да го дадеме максимумот. Јасно е дека не очекува тежок меч, секоја чест за Гостивар, но ние сме шампиони, нема сомневање дека Струга ТЛ ги посакува трите бода и од овој натпревар. Морам да кажам дека и по елиминација во Купот, атмосферата е добра, имаме одличен тим и наше е сега да размислување за тоа што претстоим, да не се навраќаме на тоа што било“ посочи дефанзивецот на Струга ТЛ.

ПретходноИсториска партија на ѕвзедата на Булси, постигна 51 поен и загуби (ВИДЕО)
СледноКиднапирани родителите на ѕвездата на Ливерпул, неговата мајка е пронајдена