Пролет и официјално ја прифати оставката на Лембанов

143

Пролет и официјално ја прифати оставката на Алексо Лембанов, која младиот тренер ја даде после поразот од Вардар Неготино. Раководството на клубот е во потрага по трајно решение за тренерското место, а до тогаш тимот ќе го води Илија Темелковски.

„Ракометниот клуб Тинекс Пролет објавува дека спогодбено е прекината соработката со нашиот досегашен шеф на стручниот штаб, Алексо Лембанов, прифаќајќи ја неговата оставка поднесена по поразот од Вардар Неготино пред две седмици.

Овој стручњак мина неколку години во Тинекс Пролет, најпрвин работејќи со младите категории како помошник во стручниот штаб, а во последните две години беше и прв тренер на нашиот клуб. Изразуваме благодарност до Лембанов за професионалниот ангажман во целиот период во кој беше дел од Тинекс Пролет и му посакуваме многу среќа во иднина.

Функцијата ВД-тренер ќе ја извршува Илија Темелковски, под чие водство екипата успеа да слави во Прилеп, а клубот во меѓувреме ќе биде во интензивна потрага по долгорочно решение за функцијата шеф на стручниот штаб“, се вели во известувањето на Пролет. 

ПретходноПМФЛ: Васоски против “својата“ Брера, Шкендија ја дочекува Воска, “лавовите“ против Тиквеш…
СледноИзраелски тенисер: „Убиваат и палат живи деца, а Ѓоковиќ молчи!“ (ВИДЕО)