Ете и тоа го има во мак – фудбалот. По само 17 дена минати на тренерската клупа на Емре Озбајер, раководството на Гостивар се одлучи даму врачи отказ. Ова е неофицијално. Но и без него на клупата, денеска тимот го водеше Муарем Муарем, Гостивар успеа со 2:1 да го победи тимот на Струга ТЛ и тоа во супер интересен меч.
Гостиварци поведоа со голот на Кехинде во 36.минута, Потук зголеми на 2:0 во 44.минута, а стружани го ублажија поразот со голот на Компаоре во 59.минута.