Сити му одржа час по фудбал на Јунајтед (видео)

251

Манчестер Сити е победник во големото манчестерско дерби против соседот Јунајтед и тоа на „Олд Трафорд“. „Граѓаните“ славеа со 3:0 во меч во кој доминираа и беа убедливи. Домашните имаа многу проблеми, неколку пати го спасуваа голот, на крајот загубија со три гола во мрежата.
Поведе Сити со голот на Халанд од пенал во 26 минута. На пеналот му претходеше фаул на Хојлунд врз Родри во шеснаесетникот. Во 45 минута Едерсон го одбрани ударот на Мектомини.
Во 45+2 минута прекрасна интервенција на Онана кој го спаси Јунајтед.
Само што почна второто полувреме одличен контра напад на Сити, Халанд со глава ја матира Онана. Во 80 минута Онана го одбрани шутот од далечина на Родри, одбиената топка доаѓа до Халанд кој му асистира на Фоденза конечни 3:0.

ПретходноСтоле и Рајо со гол во 91. минута освоија бод против Сосиедад
СледноПоради повреда Георгиевски не настапи во финалето и се закити со сребро во Букурешт