Струмица загуби, но достоинствено ги заврши квалификациите во ЛШ

219

Одбокарите на Струмица со трет максимален пораз ги завршија настапите во најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите. Во последното 3. коло на квалификацискиот турнир „1“ кој се одржа во Бургас, нашиот првак без странските засилувања не можеше да пружи посилен отпор ни на дуелот со Фино Капошвар од Унгарија.

Унгарскиот состав славеше со 3:0 (25-20, 25-15, 25-18), а струмичани денеска се чини го одиграа најдобриот меч на турнирот. И во првиот и во третиот сет се бореа за секој поен и успеаја да пружат достоен отпор на противникот. На крајот унгарскиот преставник ја потврди доминацијата и дојде до засилужена победа.

Владо Милев (12) и Глобоцки (10) и денеска беа најдобри поентери во нашиот шампион. Кај Фино Капошвар се издвои Габор Боголи кој имаше 13 реализирани поени.

ПретходноДортмунд освои бод во Франкфурт иако два пати губеше
СледноДаци му даде гол на лидерот, но неговиот тим загуби (видео)