Фјури: Не се потресов, веднаш станав! Најважно е дека победив!

396

Тајсон Фјури со многу мака го победи Френсис Нгану во спектаклот кој се одржа во Ријад, а истиот беше решен по 10. рунди. Актуелниот боксерски шампион на ВБЦ го победи поранешниот шампион на УФЦ со поделена одлука.

„Ова дефинитивно го немаше во сценариото“, рече Фјури, кој во третата рунда се најде на подот.

„Френсис е одличен борец со силен удар. Тој е многу подобар боксер отколку што мислевме. Тој е многу тежок противник, сега неизмерно го почитувам, а го почитував и пред борбата. Ме изненади со својот чуден стил и тоа што постојано одеше напред. Стоеше подалеку од мене, чекајќи удари и се обидуваше да ми се спротивстави. Тој е добар борец кој ми ја одржа една од најтешките борби во последните десет години“, рече Фјури.

Двајца судии донесоа одлука во корист на сегашниот Фјури, а еден во корист на Нгану
Тој го коментираше и моментот кога заврши на земја:

„Тоа е дел од боксот. Ме удри по тилот. Не бев многу потресен, се беше во ред, станав. Не знам дали беше блиску, но најважно е што победив“, заклучи Фјури.

ПретходноФјури славеше во спектаклот во Ријад иако Нгану го „патосираше“ (ВИДЕО)
СледноИсториска партија на ѕвзедата на Булси, постигна 51 поен и загуби (ВИДЕО)