Тајсон Фјури после голема мака го победи Френсис Нгану во борбата одржана во Ријад на која присуствуваше и Кристијано Роналдо како специјален гостин.
По десет рунди победи со одлука на судиите. Двајца го бодуваа актуелниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Фјури, а еден во корист на поранешниот шампион на УФЦ, Нгану.
Фјури влезе во мечот како голем фаворит со оглед на тоа што ова беше прва професионална боксерска борба на Нгану. Сепак, Британецот тоа не го оправда. Камерунскиот ММА борец се покажа како многу опасен противник и во третата рунда го зададе најсериозниот удар на целиот меч, а Фјури заврши со нокдаун.
FRANCIS NGANNOU GOT ROBBED!!! TYSON FURY LOST. ROBBERY, RIGGED.#BattleOfTheBaddest#furyvsngannou pic.twitter.com/CqWOTmU6Nf
— Barn House Sportz (@BarnHouseSportz) October 28, 2023
Британецот успеа да се опорави од тоа и во следните рунди беше нешто подобар, барем според проценката на судијата, но не можеше да го удри Нгану толку силно како неговиот противник. Самиот Фјури, кој успеа да остане непоразен, по мечот призна дека не очекувал толку добар противник.
По овој меч, Фјури ќе има меч за обединување на титулата во тешка категорија против Усик, кој според сите индикации ќе се одигра на 23 декември.