Англичаните пренеле лажна информација: Полицијата нуди 50.000 евра за таткото на Дијаз

601

Таткото на фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз се уште не е пронајден, иако англиските медиуми вчера попладне објавија дека војската и полицијата успеале да го спасат од киднаперите.

Како што наведоа, во таа прилика биле убиени две лица. Но, за жал реалноста е сосема друга, бидејќи се уште нема информации за неговиот татко.

Наводно, колумбиската полиција нуди 200.000.000 пезоси (околу 50.000 евра) на секој што ќе донесе повеќе информации за тоа каде се наоѓа таткото на фудбалерот на Ливерпул и кој го држи.

“Загрижувачка ситуација за сите нас. Ова беше многу тешка ноќ. Никогаш не сум се соочил со ваква ситуација во кариерата”, изјави вчера Јирген Клоп во пресрет на натпреварот со Нотингем Форест, на кој Луис Дијаз не играше иако тоа беше планирано.

Потсетуваме, неговата мајка беше извлечена многу брзо откако беше киднапирана.

Мотоциклисти го пресретнале комбето во кое биле мајката и таткото на Луис Дијаз, а потоа ги киднапирале истото возило.

ПретходноВЛТ ЏЕКПОТОТ на ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е во зона на паѓање
СледноКонечно: Работнички се раздели со тренерот Милан Илиевски!