Калин Ивановски го изедначи својот најдобар ранг на АТП листата

356

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно го има најдобриот свој ранг. На денеска објавената АТП листа Ивановски се наоѓа на 305.то место со 176 поени или скок за три места. Во конкуренција на двојки Ивановски се наоѓа на 644.то место или има пад за 16 позиции бидејќи има 75 поени (четири помалку од претходната недела).

Ивановски денеска од 10 часот го игра финалето на квалификациите на Челинџерот 75 во Бергамо против Михаил Кукушкин од Казакстан, кој се наоѓа на 213.то место. Победникот од мечот ќе се пласира на главниот турнир.

Другите македонски тенисери се со мали промени на АТП листата. Горазд Србљак е на 1062.то место (скок од четири позиции) со 10 поени, додека Обрад Марковски е на 1477.то место со 3 поени (пад за три места).

Во конкуренција на двојки Берг Бугариќ е рангиран на 1359.то место со 16 поени (скок за две позиции), а Обрад Марковски е 1477.мо место со 13 поени и има напредок за осум места, додека Елдин Хусеиновиќ со три поени е на 2120.то место и скок од пет места.

ПретходноЈокиќ го нокаутираше, па порача: Мора да стави некој килограм плус (ВИДЕО)
СледноРеал по „Ел Класико“ остана без фудбалерот од 80 милиони евра