„Л’Екип“: Олимпик Марсеј не бил виновен за инцидентот и нема да биде казнет

215

Одложениот натпревар од француската Лига 1 меѓу Олимпик Марсеј  и Лион засега не се знае кога ќе биде одигран, но од Француската федерација стигнува информација дека домаќинот најверојатно ќе избегне санкции иако навивачите на клубот го каменуваа клупскиот автобус на Лион и повредија неколку лица.

Според пишувањето на „Л’Екип“, поради тоа што тимскиот автобус на Лион бил нападнат на пат кон „Велдром“ во неделата вечерта, клубот не бил одговорен за инцидентот. Во инцидентот сериозно беше повреден тренерот на Лион, Фабио Гросо, кој според сопственикот на Лион, Џон Текстор, бил погоден од пивско шише откако неколку камења ги скршиле стаклата на тимскиот автобус. Автобусот на Лион беше нападнат и на неколку други попатни места.

Олимпик Марсеј треба да избегне какви било спортски санкции и дисциплинската комисија најавила дека инцидентите се надвор од нивна јурисдикција.

ПретходноГерманска „Легија на странци“: СВД Дирен е противник на Струмица во ЦЕВ Купот
Следно„Новиот“ ПАОК на Миленкоски поразен на стартот на новата сезона