Откако раководството на Работнички се раздели со Милан Илиевски официјално, а неофицијално откако му врачи отказ, утринскиот тренинг го водеа Горан Станиќ и Баже Лазаревски.
Секако дека јавноста е во очекување кој ќе биде новиот тренер на тимот од Дебар Маало, во изминатите денови се споменуваа имиња како Срѓан Захариевски, Зекирија Рамадан, но и некои други.
Следниот викенд Работнички игра дома со Силекс, па се очекува до тогаш тимот да добие нов шеф.