Ајакс има нов тренер

295

Очекувано, по катастрофалните резултати во домашното првенство и во Европа, холандскиот великан Ајакс направи тренерска рокада. Нов тренер на екипата е Јоханес вант Шип кој потпиша договор до летото 2025 година.

Пред една недела беше отпуштен Морис Стајн, а на дербито со ПСВ кое е загубено со 5:2 тренер беше Хедвигес Мадуро.

Вант Шип како играч помина 11 години во Ајакс, потоа беше тренер на младите категории и асистент. Во 2009 година беше привремен тренер на Ајакс по оставката на Марко ван Бастен.

Беше тренер на Чивас, Мелбурн Сити, селектор на Грција.

Ajaкс е последен на табелата со само пет бода. Во групите на ЛЕ е последен на табелата со два бода по три одиграни кола.

ПретходноФОТО ВЕСТ: Милевски на трибини за женското одбојкарско дерби
СледноОчекувано: Џуд Белингем е најдобар млад фудбалер