Верстапен победи во Мексико и постави рекорд

252

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на синоќешната трка во Формула 1 за Големата награда на Мексико и ја постигна рекордната 16-та победа во сезоната.

Трикратниот последователен светски шампион Верстапен ја запиша 51-та победа во кариерата, и постави нов рекорд од 16 победи. Тој одлично ја започна трката, на стартот го престигна возачот на Ферари, Леклер кој беше во пол-позиција и без проблеми ја оствари петтата победа во Мексико.

Второто место го зазеде седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес, кој освои и бод за најбрз круг на трката, а трет беше Леклер.

Четвртото место го зазеде Карлос Саинц од Ферари, петти беше Ландо Норис од Мекларен, а шести Џорџ Расел од Мерцедес. По нив следат: Даниел Рикиардо (Алфатаури), Оскар Пјастри (Мекларен), Александер Албон (Вилијамс), Естебан Окон (Алпин).

ПретходноСлавјето на Фоден и потегот на Халанд (ВИДЕО)
СледноВЛТ ЏЕКПОТОТ на ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е во зона на паѓање