Гостивар потврди: Кехинде има скршеница на јаболчната коска

553

Еден од најдобрите фудбалер на новиот прволигаш Гостивар, Нигериецот Ланре Кехинде, на вчерашната средба со Струга, кога Гостивар ја доби со 2:1 заработил посериозна повреда.

Како што објавија денеска од клубот, Кехинде денеска бил на специјалистички прегледи кои покажале скршеница на јаболчната коска на лицето. Од клубот не објавија колкава ќе биде паузата, но му посакаа на нигерискиот голгетер брзо опоравување.

Кехинде веќе е стрелец на три гола во дресот на Гостивар оваа сезона.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Вардар)
СледноНикола Костески: Не ми е важно дали ќе играм јас или Ненад, важна е Македонија!