Коментар на 12.коло: Вардар почна да се вади од “калта“, а во неа “заглибуваат“ Македонија ЃП, Работнички, Брера….

666

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Што да се каже за квалитетот на нашата ПМФЛ кога од петтата Брера до последниот Вардар, разликата е само 4 бода?

Само неверојатно, нема друго. Ако оваа сезона, барем по изминатите 12.кола, не гледаме којзнае каков квалитет, тогаш јасно е дека ќе биде супер интересно.

И покрај сите слабости, јасно е дека за титулата битка ќе бијат Шкупи, Шкендија и Струга ТЛ која има меч помалку, а нешто може да направи и Силекс, кој постојано е тука некаде.

Додека за избегнување на најлошото ќе биде пекол.

Реално осум екипи се “кандидати“!

И тоа од Брера која има 15 бода и е петта до Вардар кој има 11 бода, но и меч помалку, кој е последен. Вардар во среда може да го избегне последното место ако во заостанатиот меч ја победи Струга ТЛ, но искрено тоа не е реално.

Нашиот најтрофеен клуб по двете врзани победи со Работнички и Брера Струмица почна да се вади од “калта“, но затоа “заглибуваат“ токму Работнички со 13 бода, Македонија ЃП со 12 и Брера која веќе осум кола не знае што е победа.

Гостивар со оглед на квалитетите на играчите реално е да се искачува нагоре, што овој тим и го прави тоа.

Секако дека најголемо разочарување е Работнички. И затоа денеска раководството на клубот му врачи „шут – карта“ на Мичка, се виде и дефинитивно дека тој не е за клупата на овој тим.

Македонија ЃП исто така си има проблеми, има и нов тренер, но тешко оди за “лавовите“. Онаков кикс да направиш во 93.минута, да му подариш пенал на Тиквеш, директен ривал, е навистина ….и да загубиш два златни бода.

Воска е интересен тим за анализирање. Сака, покажува “заби“, но проблем е што тие 14 голови ги постигнале само тројца, и тоа Марушиќ (10), Јашаровски (3) и вчера под Шара гол даде и Бајрами.

Мора да знаат останатите дека не им е забрането и тие да ги тресат противничките мрежи.

Брегалница освои голем бод во Кратово. Ако имаше барем малку среќа тимот на Здравков можеше да дојде и до сите три, но можеше и Силекс да победи ако Марко место мрежата не ја погодоше пречката.

Рековме веќе, можеби првенството во нашата елитна лига и не е којзнае колку квалитетно, но затоа е супер интересно.

Вардар ја победува Брера, Воска и зема бод на Шкендија а Гостивар слави над шампионот.

Резултати кои се навистина изненадувачки.

ПретходноНикола Костески: Не ми е важно дали ќе играм јас или Ненад, важна е Македонија!
СледноГерманска „Легија на странци“: СВД Дирен е противник на Струмица во ЦЕВ Купот