Конечно: Работнички се раздели со тренерот Милан Илиевски!

741

Како што и се очекуваше, Милан Илиевски не е веќе тренер на Работнички. Оваа вест предмалку ја потврдија и од страна на клубот од Дебар Маало. Се разбира дека причината се катастрофалните резултати на тимот во кој беше многу вложени ова лето, беа донесени квалитетни играчи, а Работнички под водство на Мичка имаше катастрофални резултати.

Во наредните денови ќе се знае кој ќе биде неговиот наследник.

Ова требаше да се случи уште минатиот викенд, кога Работнички под водство на Илиевски сензационално загуби од Вардар, но се чини дека првите луѓе на клубот не му простија по вчерашната бламажа на Чаир, во меч во кој Шкупи го победи тимот од Дебар Маало со 3:0.

Сега се очекува потег на клубот, треба да се донесе квалитетен тренер, требаа да се донесе тренер кој си ја знае својата работа, во склад со амбициите на клубот, а тие секако дека не се битка за опстанок.

Работнички, под водство на Мичка, во изминатите 12 кола во ПМФЛ успеа да освои само 13 бода.

Катастрофа, тоа е вистинска катастрофа за Работнички.

ПретходноАнгличаните пренеле лажна информација: Полицијата нуди 50.000 евра за таткото на Дијаз
СледноСтаниќ и Лазаревски го водеа утринскиот тренинг на Работнички! Захариевски, Рамадан…кандидати за нов тренер!