Лацио со гол од пенал во 95 минута ја победи Фиорентина

119

 

Лацио славеше со 1:0 во последниот меч од 10.коло на Серија А. Одлуката падна во петтата минута од судиското продолжение на натпреварот. Никола Миленковиќ играше со рака во сопствениот шеснаесетник и судијата покажа на белата точка.

Одговорноста ја презема капитенот Чиро Имобиле кој ја затресе мрежата и на Лацио му ја донесе петтата победа сезонава. Римскиот клуб има 16 бода и е на седмото место, со бод помалку од Фиорентина која  го запиша третиот пораз, а втор по ред.

Неколку часа претходно играа Емполи и Аталанта и тимот од Бергамо славеше со 3:0.

ПретходноЧелзи се соочува со одземање на бодови поради тајни исплати
СледноСредба на асовите – Ѓоковиќ и Меси во прегратка (видео)