„Новиот“ ПАОК на Миленкоски поразен на стартот на новата сезона

126

Најуспешниот македонски одбојкарски тренер и селектор на нашата репрезентација, Јошко Миленкоски, новата сезона на клупата на грчки ПАОК ја почна со пораз во големото дерби против шампионот на грчката А1 лига, Олимпијакос. На гостински терен, момците на Миленкоски беа поразени во три сета со 3:0 (25:23, 25:17, 25:21).

ПАОК оваа година е скоро комплетно променет од минатата сезона. Во тимот има девет нови имиња во однос на минатата сезона, а згора на тоа ростерот беше комплетиран пред само неколку дена. Тимот се уште е во фаза на воигрување и досега немаше ниту многу пријателски средби.

ПАОК и оваа година како освојувач на Купот на Грција има сериозни амбиции за место во самата завршница.

Претходно„Л’Екип“: Олимпик Марсеј не бил виновен за инцидентот и нема да биде казнет
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 12.КОЛО: Куевен сам го “торпедираше“ Работнички