Нема веќе дилеми, како и што најавивме, Горан Самарџиев е нов тренер на КК Работнички. Откако клубот се раздели со досегашниот стратег Димитар Мираковски, одлучено е да му се даде шанса на некогашниот кошаркар на клубот од Градски Парк.
Во комбинација за тренер на најтрофејниот клуб беа уште неколку познати имиња, но сепак довербата ја доби некогашниот стратег на Еуро Никел.
Инаку Самарџиев беше во свое време миленик на фановите на Работнички, со клубот со кој во повеќе наврати беше шампион на Македонија.