Англискиот напаѓач Џуд Белингем е прогласен за најдобар млад фудбалер на манифестацијата на доделувањето на Златната топка. Белингем имаше одлични настапи за Борусија Дортмунд минатата сезона, а продолжи да импресионира и во дресот на Реал Мадрид сезонава.
Тој во трката за наградата „Трофеј Копа“ ги победи Јамал Мусиала од Баерн Минхен и Педри од Барселона.
Оваа награда првпат е доделена во 2018 година и ја освои Мбапе. Потоа ја добиваа Де Лихт, па младите ѕвезди на Барселона, Педри и Гави.